Скопските ковид-центри со 34 хоспитализации за 24 часа: Вкупно се лекуваaт 286 пациенти, има 119 слободни кревети

Фото: zdravstvo.gov.mk

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 286 потврдени и суспектни лица за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември” имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа се пуштени 35 оздравени пациенти.

Во моментот во ковид-центарот на Клиниката за кожни болести се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија – 22, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симптоми на коронавирусот. Во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија моментно се сместени 18 пациенти додека на Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември” има вкупно 95 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 19 пациенти. Вкупно 286 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминатите денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 119 слободни места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот