Фото: Слободен печат /Драган Митрески

Скопскиот аеродром почна со работа: Првите патници долетаа од Истанбул (ФОТО+ВИДЕО)

Од денеска аеродромите во Скопје и Охрид повторно се отворени за летови на патнички авиони, по паузата која следуваше поради пандемијата со коронавирусот.

Првото слетување по паузата на Меѓународниот аеродром „Скопје“ го имаше авионот на „Туркиш Ерлајнс“ , кој од Истанбул во Скопје донесе 104 патници.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Веднаш по него слета и авионот „Пегасус Ерлајнс“, исто така од Истанбул кој во Скопје донесе 125 патници.

На првиот ден од реотворањето на Меѓународниот Аеродром Скопје се очекуваат 28 лета, со вкупно 1.700 патници.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Она што можевме да го видиме на самиот аеродром е дека се почитуваат мерките за социјална дистанца и сите задолжително носат заштитни маски, додека на самиот влез од терминалната зграда на аеродромот на сите патници им се мери телесна температура преку термални камери.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Покрај ова, насекаде се поставени и средства за дезинфекција за максимално одржување на хигиената, додека сите оние кои сакаат да патуваат потребно е најмалку три часа пред летот да пристигнат на аеродромот.

Според она што можевме да го слушнеме од патниците кои чекаат за лет, очигледно е дека тие се задоволни што конечно можат да патуваат, а велат дека почитувањето на мерките е нужно за целиот лет да се одвива без никакви проблеми и во најдобар можен ред.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот