Скопје ЗОО: Повредениот лебед излекуван и однесен во мирно живеалиште (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Зоолошка градина Скопје на својот Фејсбук профил објави дека повредениот лебед кој бил пронајден во Градскиот Парк бил излечен и однесен во ново живеалиште.

Фото: Фејсбук

„Повредениот лебед којшто беше најден во Градски Парк е рехабилитиран, лекуван и конечно однесен во мирно и тивко живеалиште.

Лебедот беше пронајден во езерото во Градски Парк, за жал повреден од човечка сурова рака и со речиси откинато ноџе. Ногата беше оперирана, лекувана и ампутирана. Во Зоо Скопје го помина периодот на лекување, рехабилитација и адаптација, а сега мирно плива во езерцето опкружено со зеленило на имотот на Етно Село Тимчевски Куманово. Нашиот тим секако ќе продолжи да го посетува, а во Етно Село за него ќе се грижат љубители на животни.

Апелираме до сите- Не ги повредувајте животните, пружете љубов и внимание. Учете ги најмалите секогаш да застанат во нивна одбрана затоа што за жал се беспомошни кога е во прашање суровоста на човекот.“, напишаа од скопската Зоолошка градина.

Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот