Скопје утре пред колапс, приватните превозници со 200 автобуси ќе блокираат улици

Протест на приватните автобуски превозници / Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Околу тоа од колку часот ќе почнат протестите како и она што најмногу ги интересира скопјани, кои се улици, булевари и крстосници ќе бидат блокирани, од приватните превозници најавија повеќе детали во текот на денот

Приватните автобуски превозници од двете здруженија „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ утре со околу 200 автобуси ќе го блокираат Скопје. Ова за „Слободен печат“ го потврди првиот човек на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски кој рече дека  во текот на денот ќе биде соопштено во колку часот ќе почнат протестите, како и она што најмногу ги интересира скопјани, кои се улици, булевари и крстосници ќе бидат блокирани.

Токму настанатите проблеми со автобускиот превоз кој според најавите ќе кулминираат утре, создадоа страв и нервоза кај скопјани кои поради нерешените проблеми, утре најверојатно или нема да успеат да пристигнат на своите работни места, на лекар или пак во училиште или пак ќе доцнат со часови.

Сличен протест превозниците организираа и во понеделникот кога на крстосницата пред ТЦ „Мавровка“ паркираа 30 автобуси кои беа повлечени истиот ден поради посетата на висока германска делегација.

Тогаш, претставниците на двете здруженија на приватните автобуски превозници им дадоа ултиматум на градоначалничката на град Скопје Данела Арсовка и на надлежните во ЈСП „Скопје“ дека доколку не седнат заедно на иста маса да преговараат и да изнајдат начин како да се реши проблемот со превозот на патници, дека петочки ќе го блокираат Скопје со 200 автобуси.

Со одглед на фактот што ваква средба немаше, а долгот кој приватните превозници тврдат дека кон нив во има ЈСП „ Скопје “ се `уште не е исплатен, според најавите Скопје утре сепак ќе биде под блокада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот