Скопје ја доби својата зелена оаза (ФОТО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, заедно со директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски  претставници на Општина Центар, официјално го пушти во употреба зелениот кров на ГТЦ.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

– По неколку месечна работа со ГТЦ во рамки на Меморандум за соработка со УНДП за „Отпорен Град”, конечно го ставаме во употреба новиот квалитетен јавен простор на скопјани, за кој сум убеден дека ќе го заземе својот дел во таканаречените скопски приказни – рече Шилегов.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На зелениот покрив се засадени 29 дрвја и повеќе од 30 видови садници на површина од 1.800 квадратни метри.

Фото: Слободне печат/Драган Митрески

– Направивме едно убаво катче во кое нашите граѓани ќе уживаат. ГТЦ доби многу со овој проект, па од еден нефункционален простор со големи проблеми, за почеток се направи таа изолација, што беше децениски проблем и верувам дека во иднина нема да има проблеми. Ги повикувам сите граѓани да дојдат да уживаат во овој зелен покрив – изјави директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски.

Фото: Слободне печат/Драган Митрески

Поставени се и неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафуле, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

– Пред неколку месеци бевме тука кога го најавивме овој проект. Денеска сум многу среќна што стоиме на овој зелен покрив и се надевам сите граѓани Скопје. Првичната иницијатива не беше само разубавувањето на овој простор, туку имаше друго значење, при што нашата анализа за жешките урбани простори покажа дека разликата во температурата меѓу ГТЦ и плоштадот е девет степени повисока. Па овој зелен покрив ќе помогне да се намали температурата на ГТЦ и околината – рече амбасадорката на УНДП во Македонија.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Изградбата на зелениот покрив чинеше околу половина милион евра.

зелен крив гтц
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот