Скопјани возат без возачки и пијани, за еден ден казнети 239 лица

Сообрќајна полиција / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Вкупно 239 возачи, меѓу кои 113 за возење повеќе од дозволената брзина, 16 за возење без возачка дозвола, и 15 за управување под дејство на алкохол се казнети во контролата во областа на сообраќајот што вчера ја спроведе Секторот за внатрешни работи Скопје на територијата на град Скопје.

Во текот на контролата, како што информира МВР, изречени се и шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две мерки за минување на црвено светло на семафор, две санкции за користење на мобилен телефон при возење, девет мерки за некористење на сигурносен појас,….

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот