Скопјани мета на кражби на катализатори, внимавајте каде паркирате

кражба на катализатор во аеродром (1)
Фото: Слободен печат.

Крадењето на катализатори за прочистување на издувните гасови од автомобилите веќе подолго време претставува главоболка и секојдневие за голем дел од граѓаните. Веќе извесен период скопјани се изложени на кражби на овој дел од нивните автомобили кој содржи во него благородни метали кој пак во исто време на црниот пазар доколку се продаде чини и по неколку стотици евра.

Последна од низата вакви ситуации во кои граѓаните забележале дека нивниот автомобил чудно се однесува односно им е украден катализаторот, се случи токму во скопски Аеродром пред три дена.

Наши читатели вчудоневидени од случките при кои им се крадат делови од нивните автомобили се обраатија до нашата редакција да ја споделат нивната не секојдневна приказна.

Педесет и три годишниот Петар жител од скопската населба Аеродром во изјава за „Слободен печат“ вели дека кражбата на делот од неговиот автомобил траела неколку минути, а тој не бил ни е свесен дека бил ограбен кога во понеделникот изутрината околу 5 часот, силен звук од брусилка го пробудила од спиење.

„Слушнав гласен звук кој доаѓаше од пред мојата зграда каде што ми е паркиран автомобилот најчесто. Кога станав да видам што се случува, забележав две лица кои со брусилка и специјален алат вадеа делови од мојот автомобил. Кога подвикнав, што правите тие веднаш се разбегаа. Веднаш се симнав и отидов до мојот автомобил. Кога го запалив возилото слушнав чудно тропање и чукање, па веднаш претпоставив дека нешто фали. Кога излегов, видов дека всушност ми е украден катализаторот“ вели Петар.

Тој додава дека случајот го пријавил во полиција и дека е започната постапка. Сепак нашиот соговорник не е убеден дека полицијата може да стори нешто повеќе во однос на случајот, бидејќи како што вели тој на многу скопјани им се случила иста работа и тие иако пријавиле во полиција, и по неколку месеци немале одговор за нивниот случај.

Подем на кражбите на катализатори

Според информациите објавени на интернет, крадењето на катализаторите е честа појава поради нивната вредност во земјава но и во државите од регионот. Тие содржат скапи благородни метали, меѓу кои и родиум, платина и паладиум. Ваквите метали често се барани на пазарите.

Па така според полициската статистика во земјава уште од 2018 година се бележат првите кражби на овие делови на автомобили, каде според официјалните податоци на МВР таа година биле пријавени 108 кражби на катализатори. Во 2019г. биле украдени 282, а во 2020 дури 1.203 катализатори.

кражба на катализатор во аеродром (1)
Фото: Слободен печат.

Од друга страна откупувачите на метали и сервисерите за ауспуси се најчести места каде завршуваат украдените катализатори, велат нашите извори.

Социјалните мрежи полни со случки и поплаки на граѓаните

На социјалните мрежи се шират информации а граѓаните ги споделуваат ваквите непосакани случки. Така пред неколку месеци, Ѓорѓи Лазаревски го опиша инцидентот каде му беше украден катализаторот.

– Мене ми се случи ноќта помеѓу 3 и 4 март. Во сервисот ми кажаа дека сум четврти дента со ист проблем. Не пријавив во полиција, но на овој начин сакам да ги известам граѓаните и МВР за оваа безбедносна закана. Ако колата ви работи како трактор и не влече, веднаш одете во сервис за ауспуси. Мора веднаш да се спречат ваквите банди, полицијата мора да патролира навечер, дека наскоро ќе почнат да ни вадат бубрези по улица – пишува на Фејсбук, Ѓорѓи Лазаревски.

Инаку, процесот на крадење на катализатори е доста брз и лесен, а неговата замена најчесто на сервисите чини од 500 до 1000 евра.

кражба на катализатор во аеродром (1)
Фото: Слободен печат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот