Скопјанец починал откако го каснало стршлен

Скопјанец на возраст од 49 години бил пронајден починат од страна на Итната медицинска помош во неговиот стан, на улицата Никола Русински, информира МВР.

На местото на настанот била затекната В.М.(57) од Скопје, која изјавила дека претходно добила повик од мажот кој и кажал оти го каснал стршлен и побарал од неа да повика итна медицинска помош.

-На 05.07.2020 во 17.00 во Полициската станица Карпош, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека околу 16.30 часот во својот стан на ул.„Никола Русински“ бил пронајден починат М.Т.(49). На местото на настанот била затекната В.М.(57) од Скопје, која изјавила дека во 16.11 часот добила повик од М.Т. дека го каснал стршлен и побарал од неа да повика итна медицинска помош- стои во дневниот билтен на МВР.

Увид на местото на настанот извршила полицијата, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот