Скопјанец осомничен за убиство: Со удари по главата и телото усмртил жена со која живеел

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишно лице, осомничено за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, на 10 мај, во раните утрински часови, во куќа на улицата „Перо Наков”, при вршење семејно насилство, со умисла лишил од живот жена со која живеел во заедничко домаќинство и со која имал блиски лични односи. Тој со повеќе удари со раце и нозе во пределот на главата и по целото тело и нанел повеќе телесни повреди – хематоми од кои кај неа се развил трауматски шок и настапила смрт- соопшти ОЈО Скопје.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, основан страв дека осомничениот би можел да ги скрие трагите на кривичното дело или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и особени околности кои укажуваат дека тој би можел да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерка притвор за осомниченото лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот