Скопјанец го нападал татко си, побегнал од притвор, па завршил во болница

Во СВР Скопје, синоќа околу 20.15 часот Ж.Ф. од Скопје пријавила дека нејзиниот брат Д.Ф.(31) физички го нападнал нивниот татко И.Ф.(62), информира МВР.

-Д.Ф. бил приведен во Полициската станица Бит Пазар. Во просторијата во која бил сместен скокнал и успеал да скрши прозорско стакло, при што се самоповредил. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди- стои во дневниот билтен на МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот