Скопјанец десет дена држел девојка затворена во неговиот дом – ја силувал, ја тепал и ѝ го зел телефонот
Дваесет и двегодишна девојка која дошла од Германија во Скопје, десет дена проживеала хорор. 25-годишен скопјанец, со кого претходно се запознала, ја затворил во неговиот дом, ја тепал, ја силувал и ѝ го зел телефонот.
Препорачано
Насилникот е уапсен, а случајот го пријавила мајката на девојката, откако по мачни десет дена успеала да ѝ се јави и да побара помош, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На 05.03.2026 во 16:55 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.А.(25) од Скопско по претходна пријава дека на 23.02.2026 во неговиот дом физички нападнал 22-годишна жена со која претходно се запознале, а истата пристигнала од Германија и извршил обљуба, ѝ упатувал закани, а исто така во периодот додека била во неговиот дом не ѝ дозволувал да излезе сама и ѝ го зел нејзиниот мобилен телефон. На 04.03.2026 девојката успеала да се јави телефонски на нејзината мајка, која алармирала во полиција, која пристигнала на посочената адреса и со направена проценка на ризик постапила“, соопшти МВР.
Известен е и јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.
Расчистено свирепо убиство во Штип: Грабнал и убил старица, ја закопал во дворот


