СКАНДАЛОЗНА АФЕРА СО ЛАЖНИ СЛЕДБЕНИЦИ ГО ЗДРМА СВЕТОТ: Уловени се овие познати личности (ФОТО)

Институтот за модерен музички перформанс од Велика Британија ги анализираше профилите на познатите личности, со цел да утврди кој има најмногу лажни следбеници, односно ботови и какво е влијанието на јавните личности во медиумите.

На прво место се најде американската водителка Елен Деџенерис, која ја следат 74,4 милиони луѓе, од кои дури 58% се лажни профили.

profimedia

На второ место се најде Кети Пери, со 53 % лажни профили, а веднаш зад неа е Кортни Кардашијан, која има вкупно 80 милиони следбеници, од кои 49 % се лажни.

profimedia

Ист број на ботови има и Тејлор Свифт, чија вкупна бројка е 119 милиони следбеници. Зад неа се корејските суперстарс BTS – тие имаат 19 милиони следбеници, од кои речиси 49 % се лажни.

Следи ѕвездата на Боливуд Дипика Падуконе (48 %), Мајли Сајрус (47%), Аријана Гранде и Пријанка Чопра (46%) а на десеттото место е Џенер со 45 %.

profimedia

Од останатите Кардашијан-Џенер, Клои и Ким имаат 44% лажни следбеници, Кендал Џенер 33%, а најмалку – 31 % има моментално најуспешната сестра, Кајли Џенер.

profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот