Во група на Телеграм дилери од Србија нудат лотарија и достава: Попуст за тие што првпат купуваат дрога од кај нас

Група на Телеграм која нуди наркотички средства/ Фото: РАС Србија

Сканк 3 грама за 27 евра, кокаин 98 проценти чист, услуга за достава на територија на Стари Град, Врачар, Звездара, е само дел од она што го има во групата „Телеграм“ каде се рекламира и продава дрога.

На чет мрежата Телеграм во Србија се појави нова група наречена „BoysProblemsClubBeograd“, која нуди дрога на продажба. За скандалот да биде уште поголем, на автобуската станица е закачена реклама за таа група, а на неа има шифра преку која се влегува.

Во огласот пишува дека се нудат сканк, потоа, марихуана, кокаин, печурки..

На самиот влез во групата, на Телеграм пишува дека ова е првата даркнет продавница и дека работат по „deaddrop методот“, кој е специфичен за дарк веб продажбата.

На Фејсбук кружи и групата „Drop Cartel 021“ која е задолжена за продажба на територијата на Нови Сад.

Оваа втора реклама објаснува што значи dedaddrop, а тоа е дека дрогата е скриена на некои места, како  под карпа, во грмушка и клиентот ја добива локацијата и оди и ја зема.

Така, за делови од Белград, купувачите на дрога мора да издвојат 4,2 евра, додека за градовите како Нови Сад и Ниш, каде што одат дилерите, мора да издвојат 20 евра за нарачки поголеми од 20 грама наркотици.

Овој систем започна со појавата на дарк веб, а полицијата најде начин да им ги „скрши“ системите за заштита.

На властите им останува да спроведат истрага за овие групи на Телеграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот