Сити не се откажува од Кејн, сега пари плус играчи

Манчестер сити не се откажува од Кејн/EPA-EFE/Tim Keeton

Манчестер сити вчера официјално понуди 100 милиони фунти за капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, но понудата беше експресно одбиена бидејќи првиот човек на лондонскиот клуб Даниел Леви бара уште 50 милиони фунти.

Леви им порачал на челниците на Сити дека до договор може да се дојде и со евентуална размена на фудбалери и ова сценарио им одговара на двете страни.
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се плаши од Челси кој најверојатно ќе биде негова најголема закана наредната сезона и кој во првите денови од летниот преоден рок ќе се обиде да дојде до Ерлинг Халанд, а како резервна опција се споменува и Кејн за кого немаат проблем да ја платат бараната сума.

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви кој е познат како тежок преговарач, сака да ја искористи ситуцијата и од Сити го бара Рахим Стерлинг како дел од трансферот на Кејн. Но, англискиот репрезентативец кој се наоѓа на излезни врати од „Етихад“ сака сам да го избере идниот клуб и тоа да биде под негови услови. Тој кон крајот на изминатата сезона го загуби местото во првиот тим, па потоа одигра катастрифално во финалето на ЛШ, но затоа на Евро 2020 ги даде двата гола за Англија во групната фаза.

Сепак, Гвардиола е решен да го реализира трансферот и поради тоа е подготвен да се откаже од некој од следните играчи, Ејмерик Лапорт кој го загуби местото во првиот тим, Габриел Жесус, Ријад Марез и Бернардо Силва.
Англиските медиуми шпекуираат дека понуда од 100 милиони фунти плус Габриел Жесус би била доволна за Леви да се согласи да го пушти Кејн во Сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот