Сити броеше до осум, Агуеро во „клубот 100“ (ВИДЕО)

twitter.com/brfootball

Актуелниот шампион во Премиер лигата го отвори резултатот уште во првата минута преку Давид Силва. Серхио Агуеро веќе во седмата реализираше пенал постигнувајќи го 100 гол во најсилната англиска фудбалска лига на „Етихад”.

До крајот на првото полувреме, поточно до 18 минута „граѓаните“ постигнаа уште три гола преку Ријад Марез, Бернанрдо Силва и Николас Отаменди.

Во вториот дел домаќините погодија преку Б. Силва двапати и Кевин Де Брујн за поставување на конечниот епилог (8:0).

Ова не е највисока победа на еден тим во англиската Премиер лига, во далечната 1995 година, Манчестер јунајтед го совлада Ипсвич со рекордни 9:0.

Претходно саботната програма беше отворена со дуелот помеѓу екипите на Лестер и Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот