Сите ја имате оваа намирница дома: Истражувањата велат дека ни го продолжува животот!

маслиново масло
: Ulrike Leone / Alamy / Alamy / Profimedia

Маслиновото масло важи за една од најздравите намирници на светот, а неодамна беше објавена и студија во која се наведени и многу делотворни ефекти на овој производ.

Во студијата на „Јournal of the American College of Cardiology“ објавена е информацијата дека луѓето кои конзумираат околу 7 грама маслиново масло дневно, имаат помал ризик од кардиоваскуларни болести, но и невродегенеративни болести, рак и респираторни болести.

Помеѓу останатото, научниците откриле дека и луѓето живеат подолго кога целосно го менуваат внесот на масти – наместо маргарин, мајонез, путер или млечна маст, кога конзумирате само маслиново масло, имате шанса за подолг век!

Истражувачка мисија

Во истражувачкиот тим предводен од Марта Гаш Фере, научничка од Харвард,  анализирани биле 60 илјади жени и 30 илјади мажи. Никој од учесниците во анализата немал кардиоваскуларни болести или рак кога студијата почнала првпат во 1990 година, а на секои четири години, учесниците биле одново преиспитувани во однос на конзумирањето масти и масла во секојдневната исхрана.

маслиново масло и леб
Alamy / Alamy / Profimedia

Научниците откриле дека учесниците кои користеле маслиново масло биле физички повитални, помалку пушеле, јаделе повеќе овошје и зеленчук, и интересно е што се работело за луѓе од јужноевропските и медитерански краишта.

Во текот на речиси 30 години истражување, од учесниците починале 38.856 личности.

Незаситените билни масла се најдобра варијанта

„Клиничките доктори треба да се советуваат со пациентите и одредени масти треба да ги заменат засекогаш со маслиново масло, за подобро здравје на болните. Нашата студија покажува дека конкретните препораки навистина делуваат на целокупната состојба на испитаниците“ – изјави Марта, главната авторка на студијата.

Важни се и дополнителните истражувања

Во врска со маслиновото масло, се огласи и Сузан Ларсон, професорка по епидемиологија на Институтот во Стокхолм, која кажа дека сепак недостасуваат одредени истражувања на оваа тема.

„Моменталните студии откриваат дека конзумирањето на маслиново масло може да има здравствени предности, меѓутоа остануваат неколку други прашања, како на пример, дали сите овие проценки за заштита од одредени болести се исклучиво само за нив или се работи за секаков тип на болести. Која количина масло е потребна за заштита? Потребно е што повеќе да се истражува на оваа тема“ – наведува таа за „Fox News“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот