Сиромашните се луѓе, НЕ статистика!

Македонската платформа против сиромаштија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, 17 октомври во Скопје.

Годинава, како што информираат од Македонската платформа против сиромаштија, активностите се под слоганот „Сиромашните се луѓе, не статистика!“ и „Повеќе од бројка“ кој треба да сугерира на хетерогеноста, обемноста и сложеноста на групата сиромашни.

– Веднаш потоа продолжуваме со конференција на сиромашни и социјално исклучени лица, на која преку организирање на работни групи составени од лица со искуство во сиромаштија ќе се сумираат искуствата од почетокот на социјалната реформа и давање препораки за тоа што да се има предвид, да се промени или да се унапреди, во и по 2020 година- се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот