Хантер Бајден / Фото EPA-EFE/SHAWN THEW

Синот на Бајден под обвинение, лажел на прашањето за дрога, кога купувал пиштол

Синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, Хантер Бајден е обвинет по три точки за лажење за набавка на огнено оружје, откако судот и Хантер не успеаја да најдат заеднички јазик и тој да си ја признае вината.

Федералните обвинители покренаа обвинение против Хантер Бајден, синот на претседателот Џо Бајден, под обвинение за оружје, покажуваат судските документи. Според обвинението, Хантер лажел за неговата употреба на дрога кога го купил пиштолот во 2018 година, пишува Би-Би-Си.

Пиштолот од 0,38 милиметри го купил во Делавер, држава која го тера секој купувач да одговори на низа прашања пред да добие пиштол.

На пријавата од 2018 година, се поставува прашање дали барателот користи или е зависник од дрога. Кутијата е јасно означена со „не“.

Доколку биде прогласен за виновен, Хантер Бајден се соочува со затворска казна од 10 години за ова дело, пишува медиумот.

Историското обвинение против синот на актуелниот претседател доаѓа откако републиканците во Претставничкиот дом најавија истрага за импичментот на Бајден поради врски со контроверзните афери на неговиот син во странство.

Хантер Бајден е под истрага и за неговите надворешни работи, кои исто така се во фокусот на истрагите што ги започнаа републиканците во Претставничкиот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот