Синистера е замената за Рафиња, Лидс го промовираше и шестото засилување

Колумбиецот Луис Синистера настапува на крилните позиции/Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Луис Синистера, крилниот напаѓач на холандски Феенорд е шестото засилување на англиски Лидс.

За напаѓачот, кој минатата сезона постигна 23 гола на 49 натпревари и беше главен во тимот кој го загуби финалето на Лигата на конференции, на холандскиот клуб му се пла 25 милиони евра.

Лидс го продаде Калвин Филипс на Манчестер сити за 45 милиони фунти, исто толку очекуваат и од продажбата на Бразилецот Рафиња, па Синистера е природна замена за него.

Лидс досега во преодниот рок потроши 105 милиони евра.

За Брендон Андерсен и Расмус Кристенсен на Салцбург му платија 45,8 милиони евра, 17 милиони евра на Лајпциг за Тајлер Адамс, 12 милиони евра на Баерн за Марко Рока, а за засега најевтиниот Дарко Гјаби 5,8 милиони евра на Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот