синиша каран фото: Фејсбук

Синиша Каран положи заклетва и стана претседател на Република Српска

Новоизбраниот претседател на Република Српска, Синиша Каран, денеска положи заклетва во Народното собрание на овој ентитет на Босна и Херцеговина (БиХ), официјално преземајќи ја функцијата, објавија босанските медиуми.

На 13 февруари, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина официјално потврди дека Каран, член на Сојузот на независни социјалдемократи, партијата на Милорад Додик, победил на предвремените избори за претседател на Република Српска.

Тој ќе биде на функцијата до следните општи избори во БиХ, кои се закажани за октомври оваа година.

Каран беше избран на предвремените избори одржани на 23 ноември 2024 година.

Сепак, тој мораше да почека за да ја преземе функцијата, бидејќи изборите на 8 февруари беа повторени на 136 избирачки места поради откриени злоупотреби.

 

Синиша Каран победи на претседателските избори во Република Српска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот