Симовски: И јас во секој момент чекам информација дека интернетот работи и пописот продолжил
Се уште трае прекинот на пописот и во моментнот не знаеме што конкретно е проблемот, најверојатно е до интернетот, изјави накусо директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски за „Слободен печат“. Тој вели дека апликацијата за попишување не може да се поврзе на интернет и дека и самиот чека информација од интернет-провајдерите за тоа од кој вид е проблемот и кога ќе биде надминат.
Симовски најави дека ДЗС веднаш ќе ја информира јавноста штом ќе се создадат услови за продолжување на пописот кој почна вчера без проблеми.
Попис 2021: Граѓаните ги отворија вратите – почна најобемната статистичка операција
Прекинот настана денеска околу 11 часот. Попишувачите го алармирале ДЗС дека не можат да влезат во апликацијата за пописот.
Во текот на вчерашниот ден се попишани 94.975 лица, 28.594 домаќинства и 37.544 станови.