Симоновски: Дневно имаме од 3 до 5 интервенции, дупло помал број пожари во споредба со овој период лани

-За нас не важат ограничувањата. Работиме нормално, тековно, имаме од три до пет интервенции во текот на денот. Кога одиме на интервенција имаме наша лична опрема, интервенти одела, но за шумски пожари имаме посебни шумски интервентни одела. А, кога имаме технички интервенции се разбира користиме заштитни маски и ракавици, на прашањето какви се задачите и со што се соочуваат деновиве на терен пожарникарите, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Владимир Симоновски, командант на противпожарната бригада – Скопје.

Во споредба со минатата година, од почетокот на 2020 година до сега бројот на пожари е дупло помал.

-За разлика од лани, кога првите три месеци од годината имаше околу 660 пожари, во првите три месеци годинава имаше скоро дупло помалку, односно 350 пожари.

Во текот на ланската година направивме набавка на соодветна опрема. Го пратиме тој тренд, но сепак состојбите, како претседателски избори, оваа со Ковид-19, малку ги кочи плановите, но сепак се трудиме се да биде и да тече како што треба, вели Симоновски.

Претпазливост на повисоко ниво и следење на владините препораки.

-Секојдневно имаме план и програма на работа. Дали е тоа вежбање од затворен тип, дали од надворешна вежба, ќе повторам, процесот на работа и начинот на работа не се смени од појавата на вирусот. Да, повеќе сме претпазливи, забранети се посети од градинки, училишта, се со цел да се спречи движењето според препораките од Владата, додава Симоновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот