Симеоне му одговори на Јамал: „Ако сака да игра еден на еден, може слободно да игра тенис“
Фудбалерите на Барселона денеска ќе гостуваат на стадионот „Метрополитано“ од 21.00 часот, каде што ќе се обидат да ја надоместat негативата од 2:0 од првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Препорачано
Пред натпреварот, играчот на Барселона, Ламин Јамал се пожали на начинот на кој Атлетико се обидува да го спречи, истакнувајќи дека тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне често користи повеќе играчи за да го неутрализира.
– Ќе видиме дали Диего Симеоне ќе ми направи услуга и ќе ме остави еден на еден со некој од неговите играчи. Искрено се надевам на тоа – рече младиот играч на Барселона.
Секако, оваа изјава брзо стигна до тренерот на Атлетико, а неговиот одговор беше во неговиот препознатлив, остар стил.
– Ако сака да игра еден на еден, може да оди да игра тенис – рече Симеоне.
Од Атлетико се очекува да игра солидно и дисциплинирано во реваншот, со акцент на одбраната, со цел да ја зачува предноста од првиот натпревар.
– Знаеме што ни треба и ќе играме на начин што ќе ни обезбеди да продолжиме понатаму. Ги познаваме нашите противници многу добро, свесни сме за нивните квалитети, но нашата цел е исто така јасна – да се пласираме во следната фаза – се зборовите на тренерот на Атлетико.


