Силна порака од Милер: Кога не може со рака, може со нога! (ФОТО)

фото: твитер

Искусниот играч на Баерн го напушти теренот во 89 минута кога веќе сите дилеми беа решени околу победникот во бундеслигашкиот меч.

Фудбалерите на Баерн Минхен го совладаа Унион во Берлин во првиот натпревар после паузата поради пандемијата на коронавирус, повеќе прочитајте ТУКА

Освен грешката на ВАР и двата голови реализирани од Левандовски и Павар, мечот го одбележа и излегувањето од игра на Томас Милер.

Искусниот играч на баварскиот клуб го напушти теренот во 89 минута кога веќе сите дилеми беа решени околу победникот.

Со нога го поздрави тренерот Ханс Флик за да не го прекрши правилникот според кој им е забрането на учесниците во текот на дуелот да се ракуваат.

На тој начин Германците покажуваат уште во првиот ден од своето враќање на терените дека го почитуваат протоколот за спречување на ширење на вирусот Ковид-19, и воедно со цел да ја завршат сезоната на терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот