Силна експлозија во Крајстчрч: Десетици евакуирани, има и повредени (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Во силна експлозија на гас во Крајстчрч, каде што пред четири месеци имаше смртоносни напади во две џамии, повредени се шест лица, а десетици жители се евакуирани од своите домови.

Експлозијата била почувствувана и на неколку километри од настанот, а првично луѓето мислеле дека е земјотрес или експлозија на бомба.

Властите соопштија дека станува збор за експлозија на гас, а истрагата е во тек. Според полицијата, експлозијата претствува „сериозен инцидент”.

Во две џамии во Крајстчрч пред четири месеци напаѓач уби 51 лице и рани десетици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот