Силен земјотрес го погоди Мексико, погледнете како се тресе тлото, предупредување за цунами (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/Twitter

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени го погоди денеска јужниот и централниот дел на Мексико.

Мексиканските сеизмолози соопштија дека потресот бил со јачина од 7,1 степен, меѓутоа Американската геолошка служба вели дека бил посилен – 7,7 степени.

Американскиот национален центар за предупредување на цунами издаде предупредување за Мексико, Гватемала, Хондурал и Ел Салвадор.

Како што соопшти Американскиот геолошки завод, епицентарот на земјотресот бил по должина на пацифичкиот брег на државата Оахака.

Освен областа долж јужниот брег на Оахака, добро се тресело и во внатрешноста на земјата.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Снимките од престолнината Мексико Сити, покажуваат како уличните светилки се лулале и многу граѓани излегле на улица во паника.

Во градот Крусесити, на само 20 километри од епицентарот, бројни објекти се оштетени.

Мексико е многу трусно подрачје, а околу 40 земјотреси дневно ја погодуваат оваа земја.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот