Силекс со играч помалку и откина бод на Шкендија

Шкендија и Силекс одиграа без победник 1:1 во денешната дерби пресметка во рамките на осмото коло од Првата фудбалска лига.

И покрај ремито Шкендија остана лидер на табелата со 18 бода, два помалку од Шкупи, додека Силекс е на делба на петтата позиција со 11 бода.
Тетовчани поведоа со голот на Бесарт Ибраими во 25. минута, имаше повеќе од играта во продолжението но мало невнимание на одбраната му овозможи на Силекс да израмни. Стрелец на голот за Силекс беше Ѓуриќ во 44. минута. Проблемите на кратовчани се зголемија во 59. минута кога беше исклучен Костовски, но Шкендија не успеа да го пробие одбранбениот бедем на Силекс и на крајот натпреварот заврши со поделба на подобите.

Ремито на Шкендија го искористи екипата на Шкупи да се приближи на два бода од лидерот откако во второто полувреме го скрши отпорот на Борец и славеше со 3:0. Победничко деби на клупата на Шкупи имаше поранешниот турски репрезентативец Умит Каран и тоа во неговиот втор мандат да клупата на тимот од Чаир. Дембо Дарбо постигна два гола, додека третиот беше дело на Адеми во 83. минута.

Сигурен настап на домашен терен имаше Македонија ЃП која со головите на Емини во 62. минута и на Калид на 10 минути до крајот со 2:0 ја победи Струга ТЛ.
Единствениот денешен натпревар на кој не беа постигнати голови го одиграа Работнички и Академија Пандев.
Утре во Битола ќе се игра големото дерби помеѓу Пелистер и Вардар.
Резултати:
Беласица – Ренова 1:1
Македонија ЃП – Струга Трим Лум 2:0
Работнички – Академија Пандев 0:0
Шкендија – Силекс 1:1
Шкупи – Борец 3:0.
Табела: Шкендија 18 бода, Шкупи 16, Македонија ЃП 16, Борец 12, Силекс 11, Работнички 11, Струга Трим Лум 11, Вардар 10, Пелистер 9, Академија Пандев 7, Ренова 6, Беласица 1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот