Си во Хонгконг : Градот стана од пепелот

epa08653552 Chinese President Xi Jinping, delivers a speech during a meeting commending role models in the country's fight against the COVID-19 epidemic at the Great Hall of the People (GHOP) in Beijing, China, 08 September 2020. The ceremony is held to honour people who were involved in the fight against the COVID-19 coronavirus. EPA-EFE/WU HONG

Хонгконг, 30 јуни 2022 (МИА) – Хонгконг ги надмина своите предизвици и стана од пепелот, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг при посетата на градот.

Си заедно со сопругата Пенг Лијуан допатува во градот за да присуствува на одбележувањето на 25-годишнината од враќањето на поранешната британска колонија под власта на Пекинг и инаугурацијата на новиот градски водач Џон Ли.

Доаѓањето на Си со брз воз претставува негова прва посета на Хонгконг од 2017 година и прво патување надвор од континентална Кина во над две години поради епидемијата од коронавирусот.

– Хонгконг одново и одново издржа тешки тестови, совладувајќи ги предизвиците еден по еден, истакна тој за време на кусиот говор.

Тој додаде дека Хонгонг „по дождот и ветрот, стана од пепелот”.

Меѓу оние кои ги пречекаа Си и неговата сопруга, беше и лидерката на Хонгконг во заминување, Кери Лам, во друштво на својот сопруг.

Обезбедувањето на железничката станица беше строго, а полицијата вршеше проверки запирајќи и претресувајќи, имаше помош од кучиња трагачи.

Хонгконг ѝ е предаден на Кина на 1 јули 1997 година, по 156 години британско колонијално владеење. б

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот