„Си-Ен-Би-Си“: Претставничкиот дом на САД ќе направи детална анализа на безбедносните пропусти при упадот во „Капитол“

Полиција пред Капитол Хил/Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Претставничкиот дом на САД ќе направи детална анализа на безбедносните пропусти што им овозможија на луѓето кои протестираа да упаднат на „Капитол“ на 6 јануари, јавија американски медиуми. Телевизијата „Си-Ен-Би-Си“ објави писмо од раководството на Долниот дом испратено до раководителите на службите за спроведување на законот и разузнавачките служби.

– Оваа приказна што сè уште трае, покажува примери на зачудувачка храброст од страна на некои полицајци во „Капитол“, како и на други службеници; на шокантно предавство на криминалци, како и видливи неуспеси на високо ниво, особено во однос на подготвеноста за разузнавањето и безбедноста, се вели во писмото.

Тоа е потпишано од Џералд Надлер, претседател на Комитетот за правни работи, Адам Шиф, претседател на Комитетот за разузнавање, Бени Томпсон, претседател на Комитетот за внатрешна безбедност и Каролин Малони, претседател на Комитетот за надзор и реформи.

Во обраќањето, конгресмените ги повикаа ФБИ, Одделот за внатрешна безбедност, Националниот центар за борба против тероризмот и директорот на Националното разузнавање да обезбедат документи и брифинзи за да ги информираат за податоците што ги имале пред немирите. Медиумите објавија дека обезбедувњето на „Капитол“ знаело дека немири се можни во Вашингтон на 6 јануари, но упадот во Конгресот не бил спречен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот