Шварценегер проговори по операцијата на срцето: „Наскоро ќе бидам спремен за снимање“

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Американскиот актер Арнолд Шварценегер (76) неодамна откри дека имал итна операција на срцето и дека му бил вграден пејсмејкер.

Тој сега се огласи на својот инстаграм-профил и им се заблагодари на сите за зборовите за поддршка, но нагласи и дека наскоро ќе се врати на снимањето на серијата „FUBAR“.

„Добив многу убави пораки од целиот свет, но многу луѓе ме прашуваа дали пејсмејкерот ќе ми направи проблеми со втората сезона на ‘FUBAR’. Воопшто не. Ќе бидам подготвен за снимање во април“, напиша актерот со својата фотографија.

Фото: Инстаграм/Арнолд Шварценегер

Холивудскиот актер глумеше во првата сезона на оваа серија на Нетфликс, за пензиониран оперативец на ЦИА кој открива семејна тајна и е принуден да се врати на теренот за една последна задача.

Покрај него, во серијата глумат и Моника Барбаро, Апарна Бриеле, Милан Картер, Тревис Ван Винкл и Енди Бакли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот