Швајцарија: Трговски синџири нудат подарок ваучер со биткоини

Фото: EPA-EFE/Pablo Gianinazzi

„Манор“, најголемиот швајцарски трговски синџир почна да нуди подарок ваучери со биткоин, и досега тоа е пилот проект во 59 нивни објекти.

Во исто време, гигантот „Валора“, што е најголем доставувач на прехранбени продукти, објави дека од почетокот на април почнува да продава подарок ваучери што содржат биткоин. Двете компании соработуваат со финансиската компанија за криптовалути „Вардекс Свис“ (Vardex Suisse). Нивните ваучери сега одат во три варијанти од 100 до 500 швајацарски франци и се нарекуваат Cryptonow.

Засега потрошувачите имаат одредени ограничувања за начините на кои може да ги користат ваучерите. Тие може да ги разменат за франци или да продат количеството на биткоини на еден од 70 банкомати за криптовалути чиј оператор е „Вардекс“. Самите трговски синџири пресметуваат минимални такси за трговијата со криптовалутите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот