Швајцарски скијач се повлече поради борба со ракот: Не сакам веќе да го ризикувам животот
Швајцарскиот алпски скијач Нилс Хинтерман и официјално стави крај на својата кариера, признавајќи дека повеќе не е подготвен да го ризикува своето здравје.
Препорачано
Хинтерман истакна дека по тешката борба со болеста неговиот поглед кон спортот целосно се променил. Според него, терапиите низ кои поминал му дале „втора шанса за живот“, поради што повеќе не може лесно да прифати толкав ризик каков што носи спустот.
Скијачот од Цирих во октомври 2024 година откри дека му бил дијагностициран лимфом, по што следеше исрцпувачка хемотерапија. На почетокот на 2025 година објави дека успешно се опоравува и се врати на натпреварите од Светски куп во алпско скијање, каде што во тековната сезона дури двапати заврши меѓу најдобрите седум.
“With a strong mindset, everything is possible”
Swiss Alpine skier Niels Hintermann shares the high and lows of his comeback journey after a cancer diagnosis.@fisalpine | @swissteam pic.twitter.com/1POLTnam6M
— The Olympic Games (@Olympics) January 15, 2026
Во текот на кариерата, Хинтерман забележа две победи во спуст на трките во Квитфјел (2022 и 2024), а во 2017 година триумфираше и во алпската комбинација во Венген.
Неговото повлекување доаѓа по откажувањето од настап на спустот во Гармиш-Партенкирхен пред околу две недели. Скијачот отворено зборуваше и за паничните напади што ги чувствувал пред стартот.
„Целото тело ми се тресе и во главата ми се појавуваат сцени на кои не сакате ни да помислите“, призна Хинтерман, додавајќи дека спустот е дисциплина во која не смее да се настапува ако спортистот не е целосно сигурен во себе и во својата подготвеност.


