Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

принтскрин имдб

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес.

Епа, овој викенд нека биде поинаку. Ви подготвивме мини листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

Sharp Objects – Серија на „HBO“

Репортерката Камил Прејкер се враќа во нејзиниот мал роден град за да истражува мистериозни и неразјаснети злосторства. Две девојчиња се водат за исчезнати, од кои едната е пронајдена мртва и се претпоставува дека е убиена. Додека трага по докази, Камил се обединува со своето отуѓено семејство, нејзината мајка Адора, очувот Алан Крелин и полусестрата Ама – што ги разгорува трауматските спомени од детството, вклучително и смртта на нејзината помала сестра. Соединувајќи психолошка загатка од нејзиното минато, Камил започнува да се идентификува со младите жртви…

Жанр: криминалистичка драма / мистерија / IMDB оценка: 8.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 92%

Rose Island – Филм на „Netflix“

Еден инженер гради сопствен остров покрај италијанскиот брег и го прогласува за нација, привлекувајќи го вниманието на целиот свет. Вредностите се ставаат на тест кога италијанската влада решава да го прогласи за непријател, но мора да се преземат ризици за промена на светот…

Жанр: драма/комедија / IMDB оценка: 7 / Rotten tomatoes рејтинг: 78%

On Becoming a God in Central Florida – Серија на „Netflix“

Оваа црна комедија се одвива во мал град кој е во непосредна близина на Орландо во раните 90-ти. Данст работи за минимална плата во забавен парк. Таа не се откажува од идејата за подобар живот. За да ја постигне својата цел, лаже, изневерува и прави апсолутно сè што е во нејзина моќ без трошка срам. Но, одеднаш работите добиваат многу сериозен пресврт…

Жанр: комедија / IMDB оценка: 7.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 85%

Foster – Филм на „HBO“

Продуцентката Дебора Опенхајмер и режисерот и писател Марк Џонатан Харис одат зад стереотипите со цел буквално да ги „разбијат“ едни од вечните митови за згрижувањето и оние кои се вклучени во системот.

Жанр: документарен филм / IMDB оценка: 6.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 83%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот