Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Profimedia

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„Under the Tuscan Sun“ – филм на Нетфликс

Френсис Мејс, 35-годишна писателка од Сан Франциско, се разведува што ја турка во депресија. Подоцна, таа решава да купи куќа во Тоскана за да си го промени животот.

Жанр: романса/комедија / „IMDB“ оценка: 6.7 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 62%

„From Scratch“ – серија на Нетфликс

Ејми Вилер е американска студентка која студира во Фиренца, Италија. Таму го запознава шармантниот сицилијански готвач Лино, кој станува нејзината најголема љубов. Кога Лино ќе се соочи со тешка болест и иднината на двојката ќе биде загрозена, нивните семејства се здружуваат.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 7.9 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 86%

„Wonka“ – филм на Ејџ-би-о

Чудесна приказна за тоа како најголемиот светски пронаоѓач, магионичар и подготвувач на чоколади, стана саканиот Вили Вонка што го знаеме денес.

Жанр: семеен/фантазија / „IMDB“ оценка: 7.1 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 82%

„The Regime“ – серија на Ејџ-би-о

Со Кејт Винслет во главната улога, оваа мрачно комична лимитирана серија следи една година во современ авторитарен режим кој почнува да се распаѓа.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 6.2 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 58%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот