Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Profimedia/Скриншот/Јутјуб

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„The Devil Wears Prada“ – филм на Нетфликс

Со стремеж да стане новинар, Енди, млад дипломец, патува во Њујорк. Таа започнува да работи како асистент на еден од најголемите уредници на модни списанија, циничната Миранда Пристли.

Жанр: романса / „IMDB“ оценка: 7.4 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 75%

„One Day“ – серија на Нетфликс

Ова е приказна за животите на Ема и Декстер, кои подобро се запознаваат на денот на нивното дипломирање, 15 јули, денот на Св. Свитн. Оттогаш нивните судбини се вртат околу тој датум.

Жанр: романса / „IMDB“ оценка: 7.4 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 93%

„Are You There God? It’s Me, Margaret“ – филм на Ејџ-би-о

Во безвременската приказна за станување возрасен, 11-годишната Маргарет се справува со животот и адолесенцијата со поддршка на мајка ѝ и баба ѝ.

Жанр: комедија/драма / „IMDB“ оценка: 7.4 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 99%

„Chasing Flavor“ – серија на Ејџ-би-о

Карла Хол патува низ светот за да ги пронајде неочекуваните меѓународни потекла на омилените американски јадења.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 8.2 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: /

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот