Штипјанец на гробот на синот поставил камера за да открие кој ги краде цвеќињата (ВИДЕО)

Ожалостен штипјанец на гробот на својот син поставил камера за да види кој во претходните 4 години на болката му додава нова болка, пренесе штипската телевизија Стар.

Имено, за целиот период од смртта на неговиот рано починат син, некој упорно му ги крадел свежо поставените саксиски цвеќиња кои неговата сопруга грижливо ги носела на гробот на застаната младост.

„Не можевме со сопругата да издржиме повеќе. Бев во полицијата и се жалев, но ми рекоа дека штетата е мала и дека последиците за крадецот ќе бидат мали. Се жалев и во „Исар“, но во сите случаи крадецот беше поитар од чуварите“.

Не знаејќи што го чека, крадецот се појавил веќе наредниот ден на гробот, а и неколку дена подоцна. Како што истакнал родителот за ТВ Стар, станувало збор за возрасна жена.

Само ова година, од нивната фамилијарната гробница жена украла околу 40 саксии со свежо цвеќе, а во изминатите четири години, бројката е многу поголема. Бидејќи случајот коинцидира со други, идентични поплаки, се претпоставува дека станува збор за ситен бизнис, односно за препродавање на цвеќињата, а вклучени се поединци и некои цвеќари во Штип и околината.

Проследете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот