Штајнмаер: Враќањето на Трамп во Белата куќа направи прекин во трансатлантските односи
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денес изјави дека војната на американскиот претседател Доналд Трамп со Иран е кршење на меѓународното право и дека враќањето на Трамп во Белата куќа претставува „длабок прекин во трансатлантските односи“.
Препорачано
„Нашата надворешна политика не е поубедлива со тоа што не ги нарекуваме кршењата на меѓународното право прекршувања“, рече Штајнмаер во говорот по повод 75-годишнината од повторното воспоставување на Министерството за надворешни работи во Берлин, објави „Билд“.
Штајнмаер нагласи дека војната меѓу САД и Израел и Иран е нелегална според меѓународното право и дека нема сомнение за тоа и дека војната е политички катастрофална грешка“
„И ова е она што најмногу ме фрустрира, тоа е војна што можеше да се избегне, непотребна војна. Ако нејзината цел навистина беше да се запре Иран на неговиот пат кон поседување нуклеарна бомба“, рече Штајнмаер, истакнувајќи дека нуклеарниот договор со Техеран од 2015 година значително ги намалил шансите Иран да добие нуклеарно оружје.
Штајнмаер изрази верување дека „нема да има враќање назад во односите со Русија пред 24 февруари 2022 година“, т.е. пред почетокот на руската инвазија на Украина, и дека нема да има враќање назад во трансатлантските односи пред 20 јануари 2025 година, т.е. пред инаугурацијата на Трамп.
„Исто како што верувам дека нема да има враќање на односите со Русија пред 24 февруари 2022 година, така сум убеден дека нема да има враќање на трансатлантските односи пред 20 јануари 2025 година. Германија и Европа мора да одговорат на обединет начин на оваа двојна епохална промена и да станат понезависни од Русија и САД“, рече Штајнмаер.
Тој рече дека му се чини дека Германија сега се милитаризира, додека, како што изјави, повикувањата на меѓународното право се сметаат за наивни, дипломатијата неефикасна, надворешната културна политика непотребна и само воената сила е важна.


