Шпанското МНР за признавање на косовските пасоши: „Ова во никој случај не значи признавање на независноста“

Шпанското МНР објави дека граѓаните на Косово ќе се соочат со проблеми легално да ја посетат секоја земја во Шенген зоната која не ја признава независноста на Косово, поради што Шпанија, како и секоја друга земја од Шенген зоната, ја прифати употребата на косовски пасоши. Во одговорот на Шпанија се наведува дека прифаќањето на пасошот не значи признавање на независноста на Косово.

„Сите земји од Шенген (зоната) кои не го признаваат (Косово) прифатија да користат обични косовски пасоши. Тоа во никој случај не подразбира признавање на независноста на Косово“, изјави за Коха портпаролката на шпанското Министерство за надворешни работи, Аљариља Кортезон, пренесува КоСсев.

Во одговорот на МНР на Шпанија, понатаму се наведува дека оваа земја го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија како начин за решавање на проблемите меѓу земјите и „се стреми да го намали своето влијание меѓу граѓаните“.

Од 1 јануари годинава граѓаните на Косово со биометриски пасоши можат слободно да патуваат во земјите од Шенген зоната, по стапувањето во сила на одлуката за визна либерализација.

Шпанија е меѓу петте земји-членки на ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово, заедно со Грција, Кипар, Словачка и Романија.

Одлуката на Шпанија да го признае пасошот ја поздравија шефицата на косовската дипломатија Доника Гервала и вицепремиерот Бесник Бисљими.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот