Шпанија и Унгарија во финалето на ЕП во ватерполо

EPA-EFE/Zsolt Szigetvary

Домаќинот на Европското првенство во ватерполо, Унгарија е вториот финалист откако во полуфиналето ја совлада Црна Гора со 10:8.

Во големото финале во недела (19 ч.) ќе играат селекциите на Унгарија и Шпанија, додека во натпреварот за бронзениот медал ќе играат Црна Гора и Хрватска.

Ватерполистиите на Црна Гора иако загубија во полуфиналето, сепак имаат причини за задоволство бидејќи обезбедија пласман на Олимписките игри во Токио.

Во првото полуфинале, Шпанија со 9:8 ја совлада Хрватска, откако на 30 секунди до крајот Алберто Мунариз донесе недостижна предност од два гола (9:7).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот