Шпанец ја убил својата мајка и го изел нејзиното тело

Фото: Профимедиа

Обвинетиот Гомез подоцна признал дека ја задавил својата мајка, а повремено јадел делови од нејзиното тело, а му давал и  на своето куче.

Во Шпанија се води судски процес за маж кој ја убил својата мајка, а потоа и го изел нејзиното тело.

Алберто Санчез Гомез беше уапсен во 2019 година, откако полицијата изврши претрес во домот на неговата 66-годишна мајка поради загриженост на нејзините пријатели. Полицијата пронашла распарчено тело во станот, а некои делови биле чувани во пластични кутии.

Гомез на суд првично изјавил дека не се сеќава на ништо. Тој наводно страда од нарушување на личноста, па затоа е зависник од дрога.

Шпанските медиуми јавуваат дека тој и бил познат на полицијата по насилството што го извршувал врз неговата мајка Марија Соледад Гомез и дека ја прекршил забраната за пристап во моментот кога бил уапсен.

Во судот  се откриени деталите за масакрот што полицијата го затекнала во куќата во Мадрид во февруари 2019 година. Некои делови од човечкото тело биле во фаза на готвење, додека останатите се чувале во пластични кутии.

Обвинетиот Гомез подоцна признал дека ја задавил својата мајка, а повремено јадел делови од нејзиното тело, а му давал и  на своето куче.

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот