Шокантно признание: Колин Фарел признал дека бил во љубовна романса со починатата Елизабет Тејлор (ФОТО)

profimedia

Тие двајца биле неверојатен спој, а верувале или не, се запознале во болница.

Колин Фарел е заводник кој крши срца ширум светот, нема девојка која не кажала дека е навистина добар заводик.

Сепак, можеби некои ќе се разочараат кога ќе слушнат дека Колин бил во врска со починатата Елизабет Тејлор која е дури 36 години постара од него.

Елизабет почина во 2011 година, а две години потоа Колин ја открил нивната врска за која дотогаш знаеле малку луѓе.

profimedia

Актерот ја запознал дивата на не така романтично место – во болница, а заедно биле речиси две години. Сепак, никогаш не воделе љубов, иако Колин сакал да биде нејзиниот девети маж, наведуваат медиумите.

„Беше тоа всушност, барем во мојата глава, последната романтична врска која сум ја имал и која, нормално, никогаш не беше консумирана“, – призна Фарел во 2013 година.

Нивната врска, инаку, главно била телефонска!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот