Шок: Елмас е позитивен на корона

epa08702146 Napoli's forward Elif Elmas in action during the Italian Serie A soccer match between SSC Napoli and Genoa CFC at the San Paolo stadium in Naples, Italy, 27 September 2020. EPA-EFE/CESARE ABBATE

Македонскиот репрезентативец е позитивен на коронавирус и нема да настапи на полуфиналниот бараж натпревар од Лигата на нации против Косово кој може да не донесе само еден чекор од Европското првенство.

Оваа шокантна информација доаѓа од Неапол каде тимот на Елмас, Наполи потврди дека македонскиот репрезентативец е позитивен на коронавирус.


Италијанскиот тим вчера објави дека сите фудбалери беа тестирани и нивните резултати беа негативни откако по минатонеделниот натреварот против Џенова, тимот на Горан Пандев објави дека дури 14 фудбалери и членови на стручниот штаб се позитивни на коронавирус. Но, денеска тимот објави дека Елмас е позитивен, а се чекаат резултатите од уште тројца играчи.

Позитивниот тест на Елмас е огромен удар да селекторот Игор Ангеловски бидејќи играчот на Наполи е еден од носителите на играта на репрезентацијата и затоа позитивниот тест на Елмас доаѓа во најмалку посакуваното време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот