Шилегов: Се ветуваат нешта што веќе се прават

Петре Шилегов / Фото: Влада на Република Северна Македонија
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со презентацијата на програмата на кандидатката Данела Арсовска, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов укажа дека од она што чул, ветени се и работи кои се во фаза на имплементација:
– Секој има право да излегува со сопствена понуда. Од она што успеаја да ми кажат колегите – не можев да гледам, со обврски сум – ветен е токму овој булевар каде што денеска се наоѓаме, „Борис Трајковски“. Ветено е продолжување на „булевар Словенија“, нешто за кое што градот вчера ги отвори понудите. Ветен е „булеварот Хрватска“ за кој што е завршена градежната документација и моментално се работи на дислокација на енергетските инсталации на МЕПСО и на ЕВН. Ветена е Универзална Сала, која што се прави, рече Шилегов.
Тој порача секој кандидат да излезе со своја понуда.
– Она за што јас зборувам, е токму тоа што го работевме во изминативе четири години, а тоа е дека Скопје расте и се развива на сите негови сегменти, во сите негови делови. И она што е за мене многу битно, како човек, како градоначалник, па и како политичар ако сакате – дека во овој град луѓето се пред се. Тоа што го правиме, тоа што го имплементираме, тоа што сум убеден дека ќе продолжиме да го работиме во континуитет во наредните четири години е дека луѓето се над политиката, додаде Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот