Шилегов: Не можам да влијаам кој ќе ми биде противник од ВМРО-ДПМНЕ и не ме интересира

Петре Шилегов
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов/ Фото: МИА

На прашањето кој противник од ВМРО-ДПМНЕ би го посакал на изборите, градоначалникот Петре Шилегов повтори дека тој работи за интересите на градот Скопје и дека не го интересира противникот.

„На крајот од денот не можете да влијаете кој ќе ви биде, тоа ќе си го одредат тие. Ако понудата е подобра за Скопје, во ред, но не верувам дека воопшто може да се зборува кога е таа политичка партија во прашање за креирање на градските политики. Впрочем, до моето доаѓање, овој град од 1990 година на овој или оној начин беше управуван од ВМРО-ДПМНЕ, со исклучок на вториот мандат на Ристо Пенов“, изјави Шилегов за емисијата „Студио 10“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот