Шилегов: Есенва ќе се гради мостот за поврзување на Аеродром со Ќерамидница
Град Скопје планира до крајот на годинава да се заврши со изградба на булеварот до спортскиот центар „Јане Сандански“, преку кој потоа со мост треба да се изведе сообраќајно поврзување со Ќерамидница. Мостот, според градоначалникот Петре Шилегов, треба да почне да се гради есенва.
Препорачано
– Подготвителните работи се во тек. Очекувам до Нова година да дојдеме до кејот на Вардар, а есенва ќе ја започнеме изградбата на мостот. Постапката за експропријација е веќе започната и е во тек. Не очекувам да има некакви дополнителни проблеми во реализација на тој коридор – рече Шилегов.
Инаку, првата фаза од булеварот која треба да се реализира, започнува од булеварот „Близнаци”, се до коритото на реката Вардар до хотел „Русија”. Втората фаза од овој проект ја опфаќа изградбата на мост во близина на хотелот “Русија”, кој ќе ги поврзува општините Аеродром, Гази Баба и Центар.
Третата фаза, пак, е продолжување на булеварот низ Ќерамидница. Во моментов, според Шилегов, сè уште трае експропријацијата по трасата низ која што треба да поминува новиот булевар.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
10мин
-
24мин
-
53мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


