Шилегов бара избори за Скопје заедно со парламентарните, а Арсовска да си поднесе оставка

Петре Шилегов / Фото: Скриншот, Јутјуб

Поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов на социјалните мрежи побара оставка од градоначалничката Данела Арсовска и избори за Скопје во мај. Шилегов вели дека Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација.

„Почитувана Арсовска, заминете си. Поднесете оставка. Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно Ви се случи. Непланирано. (Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа). Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го има. И заради Градот (не толку убав во задње време) во кој што сите живееме“, пишува Шилегов.

Вели дека нема ни намера ни носталгија повторно да е градоначалник, но како граѓанин и некој што го сака Скопје, смета дека овде ништо не е во ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот