Шевченко по дебито со Џенова: Доколку останеме во Серија А, исто како да сме ја освоиле ЛШ

Украинската легенда Андриј Шевченко за Горан Пандев вели дека е фантастичен играч/Фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Пред два дена украинската легенда Андриј Шевченко дебитираше на клупата на Џенова си пораз на домашен терен од Рома (0:2).

На овој натпревар од 13 коло во најсилното италијанско првенство со капитенската лента од првата минута настапи поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев.

Украинецот сигурно го чека тешка задача со клубот во амбициите да се обезбеди опстанок во лигата

– Тоа е исто како да возите „Фиат 500“, а се натпреварувате во Формула 1. Добро можете да ја започнете трката, но уште на првата кривива може без проблеми да ве престигнат. Избегнувањето испаѓање би било како освојување на Лигата на шампионите.

Морам да се прилагодам на играчите шкои ги имам на располагање. Бараме компактност, што се однесува до Пандев, тој е фантастичен играч – вели Шевченко.

Моментно на табелата во Серија А Џенова е на 18 позиција со девет бодови и во следното коло на 28 ноември ќе гостува кај Удинезе на нашиот интернационалец Илија Несторовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот