Шестгодишник направил 4.445 склекови и освоил стан за семејството

Youtube

Ибрахим Лианов, 6-годишно момче од Русија, направил 4.445 склекови, освоил стан за себе и за своето семејство и завршил во руската книга на рекорди, пренесува LADbible.

На чеченскиот Шварценегер, како што го нарекуваат момчето, нов дом му подарил локалниот спортски клуб Чингиз во кој Ибрахим секојдневно тренира со својот татко.

Ибрахим не е првиот кој освоил ваква награда благодарение на неверојатниот подвиг.

Минатата година петгодишното момче освоило нов „мерцедес“ откако направило 4.105 склеови, исто така без запирање.

Малиот Ибрахим сè уште тренира во својот локален клуб, а нова цел му е да го собори светскиот рекорд.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот