Шешко се сели на Олд Трафорд – Лајпциг ја прифати понудата на Јунајтед
Манчестер Јунајтед се чини конечно пронајде класична „деветка“. Лајпциг ја прифатил понудата од 80 милиони евра плус дополнителни бонуси за словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко. Останува само играчот да ги договори личните услови со клубот од „Олд Трафорд“.
Препорачано
Овој развој следи веднаш по информациите дека Њукасл испратил пониска понуда за Шешко, која германскиот клуб ја одбил. Англискиот вицешампион реагираше брзо, обезбедувајќи предност во трката за потписот на еден од најперспективните напаѓачи во Европа.
Јунајтед веќе ги доведе Куња и Ембему, но очајно им беше потребен типичен голгетер. Откако не успеаја да го донесат Џокереш, кој замина во Арсенал, изборот логично падна на Шешко. Њукасл се обиде да се вмеша откако Ливерпул покажа интерес за Исак, но клубот од северот на Англија не попушти.
Пристигнувањето на Шешко најверојатно значи крај на авантурата на Расмус Хојлунд во Манчестер, а можно е да си замине и Зиркзе по разочарувачката сезона. Со тоа, тимот на Аморим ќе има целосно нов напад во новата кампања.
Премиер лигата започнува за само две недели, а Јунајтед веќе во првото коло ќе се соочи со Арсенал – можеби токму натпреварот на кој Шешко ќе дебитира.


