Шер го потрошила своето богатство: Дали славната пејачка се бори со егзистенцијални проблеми?

Instagram
Instagram

Славната пејачка Шер го потрошила своето богатство и тоа на скапи третмани за убавина. Покрај тоа, според странските медиуми, до работ на сиромаштија ја донеле лошите инвестициии неконтролираното трошење пари.

Пејачката заработуваше милиони од својата музичка кариера, но мораше да направи голема пауза и се повлече од светот на музиката. За сега, години подоцна, да се соочува со егзистенцијални проблеми.

Profimedia
Profimedia

Имено, во доцните осумдесетти години на минатиот век на пејачката ѝ беше дијагностициран вирусот „Epstein-Barr“ – вид на херпес што може да предизвика откажување на органите, како и да развие неколку видови на рак.

Постојано бев болна, речиси ме уби пневмонија. Лекарите прво ми рекоа дека сум луда и дека претерувам, но сепак открија дека сум сериозно болна“, изјави пејачката.

Поради својата здравствена состојба, Шер тогаш била принудена да направи пауза од својата музичка кариера, затоа што не можела да го издржи напорното темпо со постојани настапи и турнеи низ цел свет.

За да има од што да живее, пејачката почна да се впушта во снимање реклами. Меѓута, рекламите не носат пари колку што веројатно ѝ носела нејзината примарна професија. И покрај сето тоа, Шер продолжила да троши енормни суми на третмани за убавина и поради неконтролираното трошење едноставно го „изгубила“ своето богатство кое го „таложела“ низ годините.

Profimedia
Profimedia

Светот ја памети Шер како музичка и модна икона, позната по својот екстравагантен стил и песни кои го допреа секој врв во музичката индустрија. Покрај музичката кариера, таа се занимаваше и со актерство и се појави во неколку успешни филмови, а за филмот „Moonstruck“ Шер ја доби и наградата Оскар.

Својата музичка кариера ја започна во 60-тите години на минатиот век. На почетокот се појави во дуо со својот сопруг Сони Боно и во 1965 година тие ја објавија култната песна „I Got You Babe“ и токму со оваа песна Шер стекна светска слава. Дуото траеше околу една деценија.

Потоа Шер продолжи со соло кариера и стана добро познат музичар кој го заобиколи светот, приредувајќи незаборавни концерти.

Instagram
Instagram

Шер оваа година го прослави својот 74-ми роденден и сè уште изгледа неверојатно. Таа вели дека повеќето нејзини режими кои пркосат на годините лежат во нејзината исхрана од растително потекло и рутинско вежбање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот